Захариева во Струмица на фестивалот „One Love Tour“
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева денеска ќе престојува во еднодневна посета на Струмица.
Захариева заедно со заменик министерот за надворешни работи на Северна Македонија Андреј Жерновски ќе присуствуваат на фестивалот „One Love Tour“. На настанот што е поддржан од УНЕСКО ќе бидат преставени традициите на двете земји и ќе настапат македонски и бугарски музичари.
Захариева и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, денеска ќе го отворат мултифункционалниот социјален центар, реконструиран и опремен со бугарска донација од 270.000 лева.
Мултифункционалниот социјален центар ќе им служи на сите ранливи групи луѓе, како и за програмски активности и проекти за побрза и полесна интеграција во општеството и социјално вклучување на целните групи. Целта е исто така да се подигне свеста на заедницата за помагање на лицата со посебни потреби не само во струмичкиот регион, туку и на национално ниво. Проектот е финансиран во рамките на програмата за официјална развојна помош за Република Северна Македонија за 2019 година.
Во рамките на оваа програма досега се реализирани повеќе проекти во социјалната сфера, но и за соработка меѓу медиумите од двете земји во борбата против говорот на омраза, како и за организирање фестивали и поддршка на културната размена.
Фестивалот „One Love Tour“, по Струмица, продолжува во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 7 септември, Скопје на 21 септември и во Стара Загора на 5 октомври.
Ново на Сител
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника

