Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија
Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје.
- На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни, рече Захариева во интервју за бугарската Нова ТВ.
Вели дека ентузијазмот за проширување кај некои членки не е голем, но нагласи оти Македонија заслужува и оти треба да и се даде јасна перспектива.
Захариева повтори дека национален интерес на Бугарија е стабилна Македонија и стабилни соседи кои чекорат кон НАТО и членство во ЕУ.
Шефицата на бугарската дипломатија смета дека договорот меѓу Македонија и Грција нема на никаков начин да го наруши спроведувањето на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
