Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка.
– Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата.
Таа изрази уверување дека нема кој да ја украде бугарската историја и оти тоа не треба никој да го загрижува.
Бугарската агенција БГНес која ја пренесува изјавата на Захариева, потсетува дека на последниот Самит во Брисел минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон ставил вето на почетокот на претпристапните преговори со Скопје и Тирана
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
