Захариева: Договорот ќе биде потпишан на двата официјални јазика според уставите на Бугарија и Македонија
Се надеваме дека договорот за добрососедство со Македонија ќе биде потпишан во август, изјави денеска бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесува БТА.
Захариева посочи дека процесот е долг и започнал уште во 2008 година, а досега минал низ 11 круга преговори, како и дека Бугарија секогаш била отворена, но не секогаш добивала иста таква реакција од страна на претходните македонски влади.
- Документот ќе биде потпишан во два примерока, на двата официјални според уставите на Бугарија и Македонија јазици. Таа точка е непроменлива, повеќе компромиси нема каде да правиме, изјави Захариева.
На новинарско прашање дали ќе има заедничка прослава на Илинденското востание, Захариева одговорила дека потпишувањето на договорот би било многу јасен знак за тоа дека Македонија во пракса сака да го промени својот однос кон Бугарија.
- Заедничко чествување на личности и датуми започна уште со посетата на Заев и Борисов на споменикот на цар Самуил. Тогаш дојде и поканата од Македонија за заедничко одбележување на Илинденско-Преображенското востание, прифатена од Борисов, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева
Ново на Сител
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна