Захариева: Бугарија наскоро ќе и донира вакцини на Македонија
Наскоро ќе донираме вакцини за Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е исто така учесник.
- Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Македонија, вели Захариева.
- Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор, додава Захариева.
Таа ги коментираше и информациите од Македонија, по објавата на тендерот за изградба на пругата до границата со Бугарија.
- Дај Боже, да има многу кандидати и да се изгради Коридорот 8, не е нормално да нема железничка врска меѓу двете земји. Осудени сме да успееме, категорична беше министерката Екатерина Захариева.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава