Захариев: Над 1.000 плацеви за куќи ќе има за младите брачни парови

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави проект за решавање на станбеното прашање на младите брачни парови до 35 години. Во тек е подготовка на урбанистичката документација за продажба на 1.000 плацеви во населбите Баби и Три чешми.
- Големината на плацевите ќе биде од 250 до 300 м/2, а цената ќе биде по едно евро за м/2 или по плац за 250 до 300 евра. Сакам во оваа прилика да кажам дека голем број на млади сакаат да имаат сопствени куќи и дека општината комплетно и целосно ќе ги ослободи од комуналии, со тоа комплетно градењето на овие куќи ќе биде со почетна цена од 250 до 300 евра, рече Захариев.
Тој истакна дека интерес има кај младите брачни парови, а една штипска компанија е заинтересирани и да купи околу 160 плацеви за да гради куќи за своите вработени.
- Во нашата програма е многу важно да дадеме да луѓето легално градат, досега градее на диво па имаме над 11.000 дивоградби. На овој начин кога ќе дадеме понуда под многу поволни услови, каде што општината максимално ќе партципира и субвенционира, а тоа е да нема да плаќаат комуналии, мислам дека интересот на младите ќе биде огромен, вели Захариев.
Во населбата „Баби“ се планирани 250, а останатите 750 плацеви се во населбата Три чешми во непосредна близина на индустриските зони.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
