Загриженост во Пакистан откако во главниот град е регистриран прв случај на детска парализа по 16 години
– Пакистан планира итна акција за вакцинација следната недела, откако беше пријавен првиот случај на детска парализа во главниот град во последните 16 години, во услови на пораст на болеста во другите делови на земјата, соопштија денеска властите.
Повеќе од 33 милиони деца на возраст под 5 години ќе бидат вакцинирани од врата до врата почнувајќи од понеделник, рече шефот за полио Ајеша Раза, затоа што вкупниот број на нови случаи годинава се искачи на 17.
– Едно осумодишно момче од рурална населба на главниот град Исламабад било осакатено од дивиот вирус на полио, изјави Анварул Хак, пакистански национален координатор за болеста.
Југозападната провинција Белуџистан, која граничи со Авганистан и Иран, е полошо погодениот регион оваа година со 12 нови случаи, покажуваат националните податоци.
Ширењето на вирусот во регионот кој претходно беше прогласен за област без детска парализа претставува нов предизвик за програмата за искоренување финансирана заеднички од ОН и Фондацијата Гејтс, пренесува ДПА.
Случаите со детска парализа во Пакистан го достигнаа врвот од 147 болни во 2019 година, но се намалија на само шест минатата година.
Пакистан презема периодични акции за имунизација, но кампањата често е цел на исламистичките милитанти.
Милитантите и некои исламски свештеници сметаат дека кампањата за вакцинација против детска парализа е трик на Западот за стерилизирање на муслиманите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови