Загреб: Ученик добил укор, па неговиот родител се заканувал дека ќе се повтори белградско сценарио
По инцидент во основно училиште во Загреб, родителот на еден ученик и се заканил на наставничката дека ќе се повтори белградското сценарио бидејќи ученикот добил опомена, пренесува „РТЛ“.
Полицијата вчера интервенираше поради сериозни закани од можно белградско сценарио, како и пронаоѓање на забранети предмети кај еден ученик во Загреб. Домот на младиот човек бил претресен, а настанот е пријавен во Министерството за образование.
„Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште да се направи интервенцијаи истата е спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно протоколот за справување со насилство кај децата и младите“, велат од Министерството.
Од Синдикатот „Препород“ велат дека треба уште многу да се работи на безбедноста во училиштата, а најголем проблем е што директорите често не сакаат да зборуваат за тоа. Случајот во Белград потсети на загрижувачката статистика која укажува дека менталните нарушувања кај децата и младите се зголемени за речиси 300 отсто, а обидите за самоубиство за 280 отсто, е наведено во написите.
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
