-->
-->
Загреб чека победа на Вардар
-->
Хрватскиот ракометен првак Загреб се надева дека Вардар в недела ќе го победи Кристијанштад и со тоа ќе му овозможи да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Загрепчани вчеравечер го совладаа Цеље со 23:21 во последниот нивни дуел од групната фаза, но оваа нивна победа не им беше доволна за обезбедување пласман во нок-аут фазата. Сепак хрватскиот првак има уште една шанса, а тоа е Вардар да го победи Кристијанштад кој му е директен конкурент на Загреб.
Вардар веќе го обезбеди првото место во групата, па дуелот против шведскиот претставник освен формално значење за „црвено-црните“ ќе биде пресуден за изгледот на долниот дел на табелата.
Табела: Вардар 18 бода (13 натпревари), Пик Сегед 17 (14), Рајн Некар 17 (14), Киелце 16 (13), Мешков Брест 14 (13), Загреб 9 (14), Цеље 9 (14) и Кристијанштад 8 (13).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива