Македонија
29. јуни 2020 - 19:17

Загинаа две деца во Струмичко по превртување на трактор

Денес, во 15,15 часот, во СВР Струмица, пријавен е несреќен случај со превртување на трактор и пад во река во близина на мост на локалниот пат с.Добрејци -с.Пиперево, во кој животот го загубиле две малолетни деца на возраст од 14 и 15 години. Убид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.Се работи на целосно документирање на настанот.