Свет
1. April 2019 - 9:17

Загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки, настрада во авионска несреќа во Германија

Една од најбогатите Русинки, Наталија Филева, косопственик на авиокомпанијата „Ѕ7“, загина во авионска несреќа во Германија.

Филева (55) летала со мал авион „епик LT“ со шест седишта кој се урнал и запалил во неделата попладне додека се приближувал кон мал аеродром на 10 километри од Франкфурт. Загинаа 3 лица, а германсктите власти ја истражуваат причината за несреќата.

Форбс го процени богатството на Филева на 600 милиони долари.

Повикувајќи се на полициски извори, германските медиуми наведуваат дека две лица загинале, а тројца се тешко пворедени кога полициско возило кое со ротација одело кон местотот на авионската несреќа, се судрило со друго возило, на неколку километри од местото на падот на авионот.

Тројца повредени биле во полициското возило, додека загинатите биле во друго возило.