Македонија
22. March 2023 - 12:36

Загина 56 годишен маж откако со „југо“ излетале од патот Кичево - Македонски Брод

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.