Загадена водата на Вардар кај Неготино

Загадена е водата во реката Вардар кај Неготино, ова го покажаа мострите од водата земени последниот пат, информираше денеска за МИА раководителот на неготинската организациската единица при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.
- Неколку пати годишно земаме мостри од водата во реката. Последниот пат резултатите покажаа дека таа е бактериолошки неисправна што ја вбројува во петта категорија. Забележана е бактериолошка контаминација и заматување, а заматувањето можеби беше последица на врнежите во периодот на земање на мострите, изјави Тодоровска.
Согласно на последните добиени резултати од испитаните мостри, рече Тодоровска, водата од Вардар кај Неготино не е препорачлива за капење, рекреација, риболов и наводнување. За следните резултати од земени мостри од водата од реката, јавноста ќе биде дополнително информирана.
Ново на Сител
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
-

Преглед на вестите од светот
