Македонија
9. December 2017 - 9:20

Загаден воздухот во Скопје, од попладне се очекува расчистување

 Воздухот во Скопје утрово загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.

Според мерењата во Скопје воздуот е загаден од 6-ти овој месец во попладневните часот. Концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми до над 600 микрограми. Најзагадено во овој период било во Лисиче каде синоќа во 22 часот се измерени 642 микрограми на метар кубен.

Според метеоролозите за попладне е најавен засилен јужен ветер кој може да доведе до расчистување.

Од почетокот на декември односно на 1, 2 и 3 декември воздухот не бил загаден. Високи концентрации се забележуваат според мерењата на 3-ти попладне кое траело во текот на ноќта кон 4-ти кога концентрациите се намалиле и се спуштиле во рамки на максимално дозволеното. На такво ниво биле до 6-ти попладнето.

Месечните извештаи покажуваат дека минатиот месец, односно во ноември скопјани дишеле загаден воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, во Лисиче 25 и најмногу кај Ректорат 26 денови.

За да се преземат мерки од надлежните треба концентрациите на ПМ10 четисчките да бидат над максимално дозволеното пет дена последователно.

Градските власти во насока на намалување на загадувањето во изминатиот период спроведоа акција за чистење во Скопје и воведоа забрана за движење на возилата на Водно за време на викенд.