Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница
Владата не смее да ја игнорира опасноста која ни се заканува како последица од делта сојот на КОВИД 19. Според она што до сега им е достапно на експертите како информација, може да се утврди дека оваа мутација на вирусот е далеку повирулентна, по брзо се шири, ја зафаќа младата популација и можноста за компликации се поголеми, но од друга страна власта нема план на повидок како да го заштити населението.
Земјите во регионот и светот имаат строги контроли при влез на нивната територија, само во Македонија нема никаква контрола.
Малото присуство на КОВИД 19 во Македонија и големината на државата даваат одлична можност да се превенира огромен бран на есен. Се што треба да направи Филипче е да воведе систем на задолжително тестирање на граничните премини и на аеродромите, како ќе се превенира КОВИД позитивни да влезат на територија на Македонија слободно.
Во таа насока Филипче мора да го направи тестирањето во рамки на државата подостапно.
Крајно и најбитно е да се продолжи со вакцинација, но и со поголем опфат на населението. Вакцинацијата мора да биде масовна и да се искористи летниот период за создавање на што поголем колективен имунитет кај населението, што би довеле до тоа спремни да го дочекаме новиот бран на делта сојот на есен.
Потребно е власта да каже и како планира да обезбеди нови вакцини, но и до каде се најавените купени 800.000 Фајзерови вакцини и 200.000 вакцини Спутник, кои како што известуваа ги нарачале, а еве веќе 4 месеци ни трага ни глас од нив.
Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Време е за подобра иднина.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек