Македонија
10. April 2025 - 16:52

Само 25% од невработените во Македонија решиле да се доедуцираат во центарот за образование за возрасни

Ако сте невработени, имате талент за одредена област, но немате сертификат дека сте обучени за истото, пријавете се на обуки во Центарот за образование за возрасни. Ваква можност имаат сите на возраст од 25-64 години. Моментално, 25 проценти од невработените во Македонија решиле да се доедуцираат преку некоја од овие програми, што во пракса им овозможиле да се вработат. Оваа бројка е далеку од европскиот просек, каде скоро 50% од работноспособното население ја искористува оваа можност. 

Весна Јаневска, министерка за образование и наука „Ова значи неформално и искуствено образование, начелно пократки подолги обуки, дообука, реобука некаде, за тие што е можно повеќе невработени луѓе, маргнализрани, да влезат на пазарот на трудот. “

Денеска беше претставена и Стратегијата за образование за возрасни за 2025-2030, која се базира на концептот доживотно учење, со цел да се активира повозрасното невработено население во државата.