Заев:Македонија конечно треба да направи чекор и да стане полноправна членка на НАТО

Позитивната атмосфера може да биде само предност на двете страни и верувам дека во соодветен момент ќе се создадат услови да направиме чекор понатаму, а тоа е да разгледуваме варијанти на можни решенија на проблемот, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од вчерашната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
- Јас сум позитивен и од самата средба и од работите како се случуваат со севкупното соседство, така и со Република Грција. Веќе има позитивен амбиент, има пријателство, дијалог и разговори, а двете средби на двајцата министри во Атина и Скопје го потврдија тоа, изјави Заев при денешанат посета на Арачиново по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Посочи дека го повикал медијаторот Метју Нимиц, некаде во ноември, декември или јануари, кога ќе мисли дека е соодветно да излезе со можни алтернативни решенија.
- Намерата ни е заедно со опозицијата да го решаваме ова прашање, заради тоа што е интерес на сите граѓани на Република Македонија. И владејачките и опозициските партии заедно во функција да најдеме решение, а не да се одложува проблемот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Долги години Македонија чека пред вратите на НАТО, Македонија конечно треба да направи чекор и да стане полноправна членка на НАТО и да отпочне преговори со ЕУ, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
