Заев: Знаеме како избега Груевски
Знаеме како Груевски избега од земјата, тврди премиерот Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Како што објави денеска Дојче Веле на македонски јазик, во интервју за ФАЦ, премиерот Заев првпат открива детали од бегството на Груевски за кои досега се шпекулираше во јавноста. Од Обвинителството не ги потврдуваат тие информации. Заев тврди дека ја знае траекторијата на движењето на Груевски во клучните часови на бегството од земјата.
– Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило, вели премиерот Заев.
Вечерта, кога се претпоставува дека почнало бегството, немало, односно било слабо осветлувањето на улицата каде Груевски би можел да излезе со возилото од гаражата под неговиот дом, а такво нешто не се гледало ни на снимките од системот „Safe sity“. Исто така не бил забележан од камерите на ниту еден македонски граничен премин кон Албанија. За Обвинителството нема дилема како излегол од Албанија кон Црна Гора и понатаму до крајната дестинација – Унгарија, и во чија придружба бил. Но, се уште не е утврдено со докази како излегол од нашата земја. Засега претпоставките се дека или избегал преку див премин во таканаречениот зелен појас, или на официјален граничен премин каде не бил евидентиран, пренесува Дојче Веле.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје