-->
-->
Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ
-->
- Сега е време да се препознае моментот земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето на посилна ЕУ, порача премиерот Зоран Заев денеска од Софија каде што учествуваше на меѓународната конференција „Демократија што испорачува: Откочување на потенцијалите на Западен Балкан десет години подоцна“.На конференцијата, на која Заев беше поканет од фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организациите Центар за студии по демократија и Европски фонд за Балканот, потсети дека граѓаните во Македонија срушиле авторитарен режим со пенкало на избори и со решителна волја за враќање на демократијата.
- Успеавме да го направиме она што честопати се стремат да го направат многу земји ширум светот, но ретко успева, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека надминувањето на кризата било само половина од приказната.
Тој додаде дека е создаден систем на добро владеење којшто се заснова на четири столба, а се осврна и на доброседските односи со државите од регионот.
- Донесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог за решавање на проблемите. Градиме мостови за соработка врз основа на взаемна доверба и почит, и постојано инсистираме да се оствари победа-победа за сите билатерални прашања, нагласи Заев, додавајќи дека во тој дух се остваруваат и разговорите со Грција околу спорот со името и дека се во многу напредна фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
