-->
-->
Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ
-->

На конференцијата, на која Заев беше поканет од фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организациите Центар за студии по демократија и Европски фонд за Балканот, потсети дека граѓаните во Македонија срушиле авторитарен режим со пенкало на избори и со решителна волја за враќање на демократијата.
- Успеавме да го направиме она што честопати се стремат да го направат многу земји ширум светот, но ретко успева, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека надминувањето на кризата било само половина од приказната.
Тој додаде дека е создаден систем на добро владеење којшто се заснова на четири столба, а се осврна и на доброседските односи со државите од регионот.
- Донесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог за решавање на проблемите. Градиме мостови за соработка врз основа на взаемна доверба и почит, и постојано инсистираме да се оствари победа-победа за сите билатерални прашања, нагласи Заев, додавајќи дека во тој дух се остваруваат и разговорите со Грција околу спорот со името и дека се во многу напредна фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради градежни активности затрупан патот од Тетово до Бањаче
-
Царовска: Училиштата ќе ги печатат учебниците за децата кои немаат електронски уреди
-
Пешевска: Породилното отсуство да трае 12 месеци, да не дозволиме родилките да станат социјални случаи
-
Со „алфа ромео“ удрил во ѕид пред бензинска пумпа на магистралата А3 кај Делчево
-
Обвинителството бара ефективен, наместо куќен притвор за Рашковски
-
Кај две жени од северна Бугарија регистрирана мутација на британскиот сој на коронавирусот
-
Домашен притвор за Драги Рашковски
-
Ангела Меркел се вакцинираше со „АстраЗенека“