Заев за Рашковски: Уште еднаш се потврди дека нема недопирливи, законот важи еднакво за сите
Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, одговарајќи на прашање поврзано со приведувањето на Драги Рашковски.
Тој и денеска истакна да тврди дека се било законски, но како што рече може да бил и пристрасен, бидејќи Рашковски бил генерален секретар во неговата Влада, поради што надлежните институции ќе го истражат случајот.
-Уште еднаш се потврдува дека нема недопирливи. Законот важи еднакво за сите, но не треба да се заборави и дека и никој не е виновен додека не му се докаже вината. Запознаен сум со самиот случај и јас немам дилема. Јавната набавка е спроведена согласно законот за Влада, согласно деловникот за влада. Ова е утврдено како потреба. Спроведена е постапката согласно законот, по тоа што јас го видов. Немаме софтвер на Рашковски таму. Тој креирал и патентирал систем, кој бил направен од ФИНКИ и фирма, која победила на тендер, истакна премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата