Заев: За прв пат граѓаните имаат своја Влада која е тука да им се најде кога им е потребно

„Милијарда и триста милиони евра се пуштени кон граѓаните посебно кон лозаропроизводителите, производителите на тутун - тоа се илјадници наши семејства, од кои најголем број живеат само од тоа“, соопшти премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.
„Дефинитивно, прв пат имаат граѓаните своја Влада, која ја избрале и е тука да им се најде, без разлика колку тоа чини, да се реалоцираат и да се најдат средства од Буџетот. Откупот на грозјето оваа година беше пример дека граѓаните имаат своја Влада подготвена да помогне секогаш кога на нив тоа им е потребно“, рече премиерот Заев.
Фокусирајќи се кон одговорот околу состојбите во лозарството, премиерот Заев посочи дека 45 проценти во цената, или вкупната сума на пари што ја добиле лозарите е од откупувачите, а 55 проценти од својата земја.
„Тоа никој пат не било така, причините се нормално последиците од КОВИД, што ги намали пласманите на винското грозје, односно виното, останати количини на залихи и неопходноста од интервенција на државата. Државата не се мислеше кога требаше да им се помогне на лозарите и тоа го направи. Покрај стандардните субвенции по хектар, кои се даваат, а се дополнително зголемени во последните години - даде дополнително 2 денари, уште плус 2 денари, па уште 4 денари, па плус мерката за извоз - да стимулира, сé со конечна цел да се откупи и последното зрно грозје. Тоа го направивме. Кога се јавија потребите за дестилирање, тоа беше дополнително можност како алатка да им помогнеме на лозаропроизводителите да дојдат до екстра 4 денари. Парите се сите кај производителите, не се кај откупувачите. Денес кога зборуваме е исплатено сè. Сè. Дополнително со репрограм се најдоа пари и дополнителните средства да можат да бидат исплатени“, објасни премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, посочи дека и мерката за извозот дава резултат.
„Оваа година ни е со најголем извоз на винско грозје, посебно наливното вино, токму заради стимулацијата која ја дадовме, за повеќе да се извезува. Работиме максимално на поддршка на сè што е поврзано со извозот, за да постигнат нашите трговци, откупувачи, поголема компетитивност на меѓународните пазари и поголем дел од македонското грозје да се пласира колку што може повеќе надвор“, додаде премиерот Заев.
Тој рече дека „сите субвенции кои се исплатени досега го дадоа својот резултат, дека некаде имало потценети цени од страна на откупувачите, но тука беше државата да ја покрие разликата“.
„И оваа година ќе ја дочекаме спремни и на нозе и ќе направиме сé што треба да направиме. Државата постои заради граѓаните и сме подготвени, ќе видите и во новиот ребаланс на Буџетот, повторно имаме проекции за помагање. КОВИД кризата е секојдневие, ако биде вака со опаднати бројки, може тоа да има рефлексија кон економијата, да се отвораат се повеќе потрошувачките капацитети за сите производи, па и за македонските земјоделски производи“, најави премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
