Заев: За проектот Чебрен се пријавија десет џиновски компании
За проектот Чебрен вреден меѓу 600 и 800 милиони евра пријавени се десет џиновски компании, изјави премиерот Зоран Заев во Битола.
Претседателот на македонската влада потврди дека со завршувањето на рокот за пријавување, продолжува втората фаза за реализација на проектот Чебрен.
-Вчера во 16 часот заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт, вчера регистриравме 10 џиновски понуди за Чебрен, а тоа се понуди од шпанското електростопанство, француското електростопанство, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, турска компанија, кинеска компанија…или 10 џиновски компании кои покажаа интерес и доставија документација за проектот Чебрен. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех на овој проект, изјави премиерот Заев.
На прес-конференција во Битола тој потсети на инвестициите што се реализираат и ќе се реализираат во наредниот период.
Соопшти дека во последните три години има 35 странски инвестиции, а во 2018 година го надминавме рекордот во странски инвестиции со 625 милиони евра нето странски инвестиции со девизен прилив.
– Во годината на ковид-криза, во 2020 година, имаме повеќе од 12 директни инвестиции што се во фаза на реализација, преговори или пред потпишување на договори. Така во битолски „Кромберг и Шуберт“ има целосно нов погон и нова инвестиција со која се удвојуваат нивните капацитети, нова инвестиција е „Дура“ вредна 100 милиони евра, „Магна“ во Струга, „Костел“ со втора инвестиција и други компании. Дополнителните инвестиции во енергетиката ја движат македонската економија, а НАТО како наше секојдневие значи стабилни и сигурни инвестиции во наредниот период, рече Заев.
Премиерот додаде дека сите инвестиции ги правиме затоа што имаме поволна политичка клима, сигурна перспектива и, како што рече, верува дека се повеќе низ соработка меѓу власта и опозицијата ќе имаме поблагопријатна атмосфера.
Ново на Сител
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД