Заев-Вучиќ: Македонија и Србија ќе ги унапредуваат односите, проблемите ќе се решаваат со дијалог
Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараа за новонастанатата состојба во односите меѓу Македонија и Србија.
Заев и Вучиќ, како што се наведува во заедничкото соопштение, се согласиле дека Република Македонија и Република Србија секое евентуално несогласување во меѓусебните односи ќе го решаваат исклучиво со дијалог.
- Без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, Македонија и Србија заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји, стои во заедничкото соопштение.
Заев и Вучиќ се согласиле и дека Македонија и Србија се согласиле да вложат дополнителни напори за натамошно унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
- Република Македонија и Република Србија во согласност со меѓународните правни прописи, во добра волја и на пријателска основа ќе ги штитат правата и интересите на дипломатско-конзуларните претставништва на својата територија. Република Македонија и Републикиа Србија ќе ја интензивираат меѓусебната комуникиација на највисоко ниво, меѓусебно ќе се подржуваат на европскиот пат и ќе ги јакнат добрососедските односи и стабилноста во регионот, се наведува во заедничкото соопштение издадено по денешниот телефонски разговор меѓу претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово