Заев: Време е за работа, а не за избори
Премиерот Зоран Заев ветува дека 2018-та ќе биде добра година, порачувајќи дека не е време за избори, туку за работа.
На првиот работен ден годинава по состанокот со министерот за финансии Драган Тевдовски, премиерот порача дека 2018. ќе биде година на економски прогрес и инвестициi, со очекување за отворање многу работни места и зголемување на БДП, што како краен резултат ќе го почувствуават граѓаните.
Заев упати порака до бизнисмените дека Владата ќе биде насочена кон се што може да се поддржи и оти годинава согласно стабилно парламентарно мнозинство ќе се имплементираат важни стратегиски планови.
- Убеден сум дека 2018. година ќе биде кулминација на завршување на политичката криза со економски перформанси што ќе ги почувствуваат граѓаните, рече Заев
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ