Заев: Во заедништвото и дарувањето безусловна љубов е нашата заедничка сила
Денешниот ден, кога го славиме Христовото раѓање и победата на доброто над злото е симбол на заедништвото и значењето на одржувањето на семејната хармонија и безусловна љубов. Овие празнични денови нека ви бидат исполнети со добро здравје и духовен мир, водени од надежта дека Бог е со нас и славејќи ја радосната вест за неговото раѓање, напиша премиерот Зоран Заев во честитка по повод празникот Рождество Христово – Божик.
Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, претставниците на Синодот, свештениците, монасите и до сите граѓани, Заев вели дека светлината на раѓањето на Господ Исус Христос ја пренесува до нашите срца пораката за почитување на ближниот, за солидарност, правење добри дела и помагање на секој човек.
– Токму во заедништвото и дарувањето безусловна љубов е нашата заедничка сила, нашата надеж дека создаваме благосостојба, сигурност и единство за секого подеднакво.
Со пораката „Христос се роди!“, да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности, да си посакаме мир, спокој и радост во срцата, да празнуваме заедно со најблиските. Честит Божик!, напиша премиерот во честитката.
Ново на Сител
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово