Заев: Во прашање се денови кога ќе се случи разговорот со Ципрас
Во прашање се денови да се случи телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, и во моментот се уште се создаваат околностите за да се реализира тоа. Ова го порача денеска премиерот Зоран Заев на маргините на завршната конференција на проектот Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добор владеење?, одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде е разговорот со Алексис Ципрас, но и коментирајќи ја изјавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека е време да се каже едно големо „да“ или „не“ во процесот на преговорите.
Во врска со изјавата на Коѕијас дека во игра се три предлози - Република Северна Македонија, Република Горна Мкаедонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен.
- Да не избрзуваме со детали за тоа, се уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор. Денови се во прашање. Откако ќе се случи граѓаните ќе бидат информирани за тоа и за неговата содржина, рече македонскиот премиер.
Тој не сакаше да коментира дали во игра се нови креативни решенија кои вчера во интервју за Канал 5 ги изнесе Артан Груби од ДУИ, Република Крушевска Македонија, Република Современа Македонија и Република Европска Македонија.
- Прашањето е сензитивно и ќе останам внимателен. Овие денови сакам да бидат денови на успешно завршување на процесот. Кога сите детали ќе бидат договорени веднаш ќе бидат споделени. Чувствително е кај нас, чувствително е и во Грција, рече Заев и додаде дека, сепак, за прашањето на крајот граѓаните ќе одлучуваат на референдум.
Ново на Сител
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност