Заев: Владата ќе продолжи со поддршката на програмите за контрола и превенција од ХИВ
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска прими делегација од граѓанскиот сектор, застапувана од претставници на организациите „ХОПС“, „Х.Е.Р.А“, „Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ“, и „Заедно посилни“, кои во соработка со Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, ги спроведуваат програмите за контрола и превенција од ХИВ во Република Македонија.
На средбата, премиерот Заев беше информиран за активностите од оваа програма, кои резултираа со фактот дека Република Македонија е земја со најниска стапка на ХИВ носители во регионот.
Како што соопшти владината прес-служба, граѓанските организации кои ги спроведуваат овие програми го запознале премиерот Заев и со обврската што Република Македонија треба да ја преземе околу финансирањето на овие акции со оглед на фактот што, според стандардите на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, нашата држава спаѓа во средно развиените земји, кои за финансирањето на поддршката за акциите на граѓанските организации треба да најде решение во рамки на програмите на надлежните министерства.
Премиерот Заев, како што се наведува, изразил целосна поддршка за работата на граѓанските организации вклучени во оваа програма, и уверување дека Министерството за здравство и МТСП ќе ја преземат обврската за нивна поддршка.
Заев истакнал дека ќе се заложи овие програми да бидат охрабрени и на локално ниво и да се создаде регистар на организации од граѓанскиот сектор што ги спроведуваат овие акции до кои треба да стигнат финансиските средства со редовна динамика.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта