Заев: Вицепремиерското место за реформи ќе го чувам за Алијансата на Албанците

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека вицепремиерското место за реформи ќе го чува за Алијансата за Албанците, а испразнетите места на замениците-министри од оваа партија кои вчера поднесоа оставки ќе бидат пополнети после Нова година.
Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Заев рече дека вицепремиерското место за реформи е важно потпретседателско место.
- Потпретседател на Владата за реформи значи да го координира дури и Заев, да го координира и министерот за правда, министерот за внатрешни работи, министерот за европски прашања и другите соодветни министерства. Успешноста на реформите на една мала партија ќе и даде отскочна даска или скалило повеќе во нејзиното позиционирање, истакна Заев, додавајќи дека на Алијансата на Албанците и биле дадени сериозни институции како Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Имотно-правната служба, Агроберзата и други.
Тој посочи дека не преговарал со ДПА и оти за последната средба со лидерот на партијата Мендух Тачи јавноста била информирана, но не ја исклучи можноста да се случат разговори по Нова година.
- Можеби ќе се случат разговори после Нова година. Не би бил чесен ако не кажам дека сакам наместо 61 да имам 65 пратеници што значи и постабилно парламентарно мнозинство. Јас ќе продолжам да разговарам и со помали политички партии и одговорноста на овие ресори морам да ја распределам, истакна премиерот Заев.
Еден дел од испразнетите места, како што посочи, ќе им бидат дадени на помалите партии. Заев се надева дека до 15 јануари ќе бидат пополнети сите испразнети места кои се под надлежност на Владата.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
