Заев вели дека сега е „реален оптимист“ во однос на одлуката за ЕУ преговори

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања порача дека од оптимист стана „реален оптимист“ во однос на започнувањето преговори со Европската Унија.
Запрашан дали имал прилика да разговара со претседателот Емануел Макрон на денешниот лидерски состанок на НАТО во Лондон, Заев рече дека три пати имал размена со францускиот претседател вчера и денеска.
-Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, не сакам со тоа да делам оптимизам никако, треба да бидеме посветени да ја европеизираме Македонија со повеќе вредности и реформи а штом ќе одлучат да ни соопштат, изјави денеска премиерот Заев.
Кусо потоа се огласи и самиот Емануел Макрон во однос на преговорите со Македонија и уште еднаш порача дека без претходна реформа на преговарачкиот процес за проширување, тој нема да даде зелено светло за старт на преговори и изрази надеж дека тоа ќе може да се случи пред мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
