Заев: Важните одлуки за животната средина ќе ги носиме заедно со екологистите
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со екологистите од невладината организација „Еко-свест“, со кои разговарал за потребата од подобрување на пристапот до информации и за можностите за поголемо учество на јавноста, особено на стручната, при носењето на одлуките кои се однесуваат на животната средина.

Заев, како што информираат од владината прес-служба, се заблагодарил на екологистите за нивниот ангажман, нагласувајќи дека поради нивната работа граѓаните и политичарите станале свесни за проблемите со загадувањето и опасностите по животната средина.
Тој изразил подготвеност Владата да го поддржи активизмот во насока на изнаоѓање најдобри решенија за ваквите проблеми, особено оние кои се однесуваат на аерозагадувањето.
Премиерот Заев, како потврда на своите заложби, истакнал дека веќе е пуштен во процедура закон со кој се предвидува планирање на поголеми зелени површини во урбаните средини при носењето на урбанистичките планови. Го поздрави меѓусебното организирање и заедничкиот настап на еколошките организации и се заложи нивните видувања и аргументи да наидат на отворен прием и да бидат слушнати од надлежните институции.
- Ве охрабрувам да бидете критични кога треба и да давате предлози кога сметате дека е неопходно за подобрување на состојбата, затоа што здравјето на граѓаните е еден од врвните приоритети на нашата Влада. Нема да изгубиме ништо ако се здружиме. Напротив, можеме само да добиеме со тоа што ќе ги споиме сите наши капацитети, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
