Заев: Со Бугарија разговараме на секторско ниво, не ги разберам протестите на ВМРО-ДПМНЕ
Со Бугарија разговараме за патоказот, при што се водат разговори на секторско ниво за изградба на железниците, патиштата, Коридорот 8 и конекцијата меѓу двете земји, соработката помеѓу министерствата за култура, за образовани и наука, за труд и социјална политика и за здравство, како и помеѓу агенциите за млади и спорт и националните радиодифузни сервиси, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
– Тоа е патоказот за кој се разговара. Јас верувам ако се усвои, дефинитивно ќе биде потврден на меѓувладина конференција која што ја водат двајцата министри за надворешни работи, нашиот министер и бугарскиот министер за надворешни работи. Сето друго се разговара под раководство на португалското претседателство. Фокусот е реално таму заради тоа што Европа е исправена пред можноста да носи одлука на 22 јуни, додаде Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на која беа презентирани одлуките од денешната владина седница, околу протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцира дека предлог на Португалија, која е актуелен претседавач со ЕУ, за надминување на разликите со Софија е доставен до нас, до бугарската страна, како и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Мицкоски апсолутно знае дека предлогот е одличен и е појдовна основа за постигање на решението. И сега да продуцирате вака протести со 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе, не знам, 24 возила, ги следам извештаите кои излегуваат сега на медиумите, и 45 луѓе, е тоа се протестите само за да се блокира сообраќајот низ градовите и е порака која што никако не можам да ја разберам, додаде премиерот.
Според него, ваквиот став на опозицијата веројатно е поради стравот дека постои можност земјава да направи исчекор кон ЕУ и кон евроинтеграциите и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција.
– Навистина очекувам она што е најмалку, е да се помогне во ова, наместо да се блокира. Но, не е ништо ново. Во последните четири години од ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, освен кочници, освен правење опструкции на важните процеси коишто ја гарантираат македонската иднина и во нашите интеграции и во делот на економскиот стандард и економските перспективи, немаме видено ништо друго. Секој со својата одговорност. Од овие четири сценарија или три сценарија или колку и да беа што ги кажа Мицкоски, јас верувам дека ниту едно не е прифатливо за граѓаните на нашата земја, потенцира Заев.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
-

МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири
