Заев: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис со Грција

Република Илинденска Македонија е опцијата, која ја разгледале како најприфатлива македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на преговорите во Софија, а за кој денеска премиерот Заев ги информирал учесниците на лидерската средба во Скопје.
- Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот на државата, на Собранието, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека владите на Македонија и Грција разогвараа за опција и решение, кое може да биде прифатливо и за двете страни. Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Republika Ilindenase e Maqedonisë, изјави Заев.
Истакна дека со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава. Илиден, додаде е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиентичка Македонија.
Заев нагласи дека со можниот договоро ќе добиеме финална потврда за македонскиот јазик, гаранција за идентитетот и за меѓународните кодови.
- Ќе прифатиме севкупна употреба за ова име, а за внатрешна употреба ќе се спроведува во фази, рече Заев и најави референдум, неште што грчката страна го прифатила.
На средбата присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
На средбата беа присутни и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Пред Клубот на пратеници во исто време се одржуваше протест на мала група луѓе против прегворите за промена на името на Македoнија
Ново на Сител
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
