Заев разговарал со Тачи: Ако сум ги повредил граѓаните на Косово намерата не ми била таа
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа.
– Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја исористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е пристутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации, изјави Заев денеска по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил на влезот во скопско Арачиново.
Нашиот став, како што потенцира Заев, е дека навистина посакуваме просперитет и решавање на проблемот со Косово, просперитет на Албанците, на Србите и на сите други заедници кои живеат на Косово, но и во целиот регион.
– После Преспанскиот договор се надеваме дека и други отворени прашања ќе се решаваат во регионот, затоа што наша цел, а верувам дека и на сите лидери во регионот, е регионаната соработка да расте, интеграциите во ЕУ како конечна цел, унапредување и трајно обезбедување на вечниот мир на целиот Балкански полуостров и секако унапредување на соработката помеѓу нашите две земји, истакна заев одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец