Македонија
19. July 2019 - 14:41

Заев: Предлагаме Вилма Рускоска да ја наследи Катица Јанева

Нов закон за обвинителство во кој ќе се регулира и судбината на СЈО од денеска Владата ќе дистрибуира до политичките партии, а во понеделник ќе биде поднесен во Собранието. Ова е решението на премиерот Зоран Заев откако пропадна лидерската средба што требаше да се одржи денеска.

Заев предложи СЈО да стане ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамките на државното Јавно обвинителство. Предлогот е Вилма Рускоска да го води ова обвинителство кое треба да ги преземе и предметите, обвинителите, истражителите и архивите на СЈО. Сепак, новото обвинителство нема да може да ги има во владините разговори, рече премиерот Заев.

Смета дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ треба да се согласи со ваквиот предлог доколку не сакаат да штитат криминал и се за ЕУ интеграција на земјата

 

 

Катерина Нешкова