Заев: Повисока граѓанска свест за потребите на Ромите

Повикувам на уште повисока граѓанска свест за потребите на граѓаните Роми во нашето општество. На сите нас, од сите националности и вери, ни требаат и образовни и културни права, но потребен е и достоинствен живот. Меѓу најзасегнатите за посочените прашања се граѓаните Роми, истакна синоќа премиерот Зоран Заев.
Во обраќањето на чествувањето на 8 Април, Меѓународен ден на Ромите во Македонската опера и балет, премиерот, соопшти владината прес-служба, нагласил дека Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството граѓани се Роми и каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот јазик.
- Од 2001 година, со направените уставни измени, и Ромите се рамноправен народ во Република Македонија. Се изборивме лани, заедно, за изградба на Република Македонија во едно општество за сите, со еднакви права и должности пред законот. И се почувствував гордо за овие придобивки, со коишто сигурно се гордеете и вие, што не беше лесно ни да се постават како цел, ниту да се дојде до нив, нагласил Заев.
Премиерот потсетил дека се направени првите чекори кон решавањето на горливите проблеми со домувањето, поседувањето лични документи, малолетничките бракови, пристапот до вработувања, до здравствено осигурување, вклученоста на Ромите во културата и образованието. На овие прашања, како што се наведува, посветено работи Министерството за труд и социјална политика, во рамки на централната власт и во соработка со општините и со граѓанските организации.
Заев се осврнал на поважните активности како: инклузија на деца Роми во предучилишни установи, 12 ромски информативни центри кои работат во 12 општини, активна работа на терен за информирање, советување, упатување на граѓаните за остварување на нивните права и обврски во социјалната заштита, здравството, домувањето, вадењето лични документи...
- Важно е политичкото учество на граѓаните Роми во донесувањето одлуки што се поврзани со унапредувањето на нивната положба во Република Македонија. Овој позитивен модел во Република Македонија е пример во регионот. За решавање на приоритетните прашања за граѓаните Роми ги ставивме во функција ресурсите од централниот буџет и донаторските средства. Целиме да постигнеме социјална кохезија и еднаков развој во општеството, посочил Заев. Нагласил дека ги следи сите активности во решавањето на т.н. „ромското прашање“.
На свеченоста присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, пратеници и министри од Владата.
Првиот Светски конгрес на Ромите, кој се одржа на 8 април 1990 година, е еден од најважните историски датуми за ромската задница, затоа што со него Ромите добија своја химна и азбука. Со него на Ромите им е загарантирано правото да бидат еднакви во општествата и да ги уживаат сите права, без дискриминација.
Ново на Сител
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
