Заев: Посетата на Мичел поддршка за НАТО, но и за ЕУ
Посетата на високиот претставник на Стејт департментот Вес Мичел на Скопје е само потврда на пријателството, но и поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Скопје со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Заев одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Мичел доаѓа во време кога Македонија сака да ја унапреди соработката со стратешките партнери.
- Една од главните стратешки цели на РМ е НАТО, а земјата е буквално на чекор од членството во НАТО. Ова може да биде од огромна помош. Ќе разговараме за соработката на двете земји, но и за НАТО перспективите, ќе имаме поддршка и за нашата интеграција во ЕУ, бидејќи таа е стратешки партнер, рече Заев коментираќи ја посетата на Мичел.
Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, ќе пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Скопје.
Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што американскиот помошник државен секретар на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.
Мичел од денеска ја почнува својата турнеја по земјите од Балканот, која ќе трае до 17 март. Тој денеска пристигнува во Приштина, утре е во Скопје, а потоа ќе ги посети Белград, Атина и Никозија.
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор