Заев побара од Мицкоски јавно да го осуди 27 април, тој го стори тоа, но ги осуди и казните
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 побара од претседател на ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги осуди настаните во Собранието од 27 април 2017 година, на што тој рече дека јавно го осудува насилството и посакува тоа повторно да не се случи, но додаде дека ги осудува и казните што ги добиле учесниците во тие настани.
-Насилството кое што се случи тој ден го осудувам и посакувам никогаш повторно да не се случи. Исто така го осудувам и чинот кој го предизвика тоа насилство, исто така го осудувам и чинот на преку два века казна дадена на луѓе кои не примениле насилство тој ден. Од друга страна имате повратници од боиштата претставници на ИСИС да добијат трипати помала казна од Горан Ангелов, Митко Чавков, Митко Пешев и останатите, одговори Мицкоски.
Заев му забележа на Мицкоски дека ги толкува пресудите и нагласи оти не е дозволиво за ниту една политичка партија да не даде јавна осуда на насилството, кое се случи во столбот на демократијата на една земја.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино