Македонија
27. April 2022 - 14:05

Заев по повод петгодишнината од 27-ми април: Се обидоа да ја завијат Македонија во црно

„Чест ми да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно”, рече Заев по повод петгодишнината од нападот на Парламентот.

Тој рече и дека денешниот датум 27 април, затоа, е и симболичен датум да му ја честита победата на Макрон. „Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа”, порача Заев.