Заев: Пет отсто раст на даночните приходи и придонеси во првото тримесечје
Регистрирани се позитивни движења во економијата во првото тримесечје од годинава, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Во објавата додава дека буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 отсто е растот на вкупните приходи, а 5 отсто е растот на даночните приходи и придонесите во однос на истиот период лани.
-Наплатата на даноците е за 6,2 отсто повисока во однос на истиот период минатата година, од кои:
–ДДВ е повисоко за дури 11,4 отсто во однос на првото тримесечје од 2020;
–Данокот на добивка е на ниво повисоко за 5 отсто;
–Увозните давачки се повисоки за 10,4 отсто;
–Персоналниот данок на доход е со раст од 0,8 отсто;
– Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3 отсто, стои во објавата на премиерот.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
