Заев: Отворените врати и можности во ЦЕРН е од исклучително значење за научниците од нашата земја
Соработката на Северна Македонија со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) е од огромно значење за научната и академската јавност во земјава, и е од огромно искуство за 22 студенти од нашата земја кои досега биле корисници на програмите на ЦЕРН.
Ова денеска било истакнато на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и делегација на ЦЕРН, предводена од проф. д-р Кристоф Шафер и д-р Тадеуш Куртика, советници во Одделението за меѓународни односи на ЦЕРН, во придружба на министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, која воедно е и член на Надзорниот одбор на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST), кој како регионална организација во која членува и земјава, учествува во заеднички проекти иницирани од ЦЕРН.
Целта на посетатата е да се направат последните подготовки за обнова и потпишување на Договорот за меѓународна соработка меѓу ЦЕРН и Владата на Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.
Министерката за наука на Црна Гора, Дамјановиќ, на средбата изрази благодарност на подготвеноста на Владата и на премиерот Заев, да ја поддржат иницијативата научни работници од нашата земја да земат учество во проектот Хадронска терапија на ракот и биомедицински истражувања со протони и тешки јони (Hadron Cancer Therapy and Biomedical Research with Protons and Heavy Ions), како проект на земјите членки на Институтот (SEEIIST) во кој членува и Северна Македонија.
На премиерот Заев на средбата му беше упатена покана да го посети ЦЕРН и во Женева, Швајцарија, каде што ќе се одржи церемонијата на потпишувањето на обновениот договор, кој за земјава го обезбедува континуитетот на учеството на наши научници и студенти во многубројните проекти од врвно значење за науката и технологијата.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении