Заев: Одлуката на Иванов да не го потпише указот е кукавичлук
Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Зоран Заев. Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот, за Заев е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“.
– Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи. Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, да не се дозволи законот да живее заради тоа што ако се пушти законот да заживее конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор. И сите ќе видат дека нема да има ниту Тиранска агенда во Македонија, дека Македонија нема да биде држава на Албанците или не знам кои од малцинските заедници во државата, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања на маргините на Форумот за владеење на правото во ЈИЕ.
Заев истакна дека овој закон не е изгласан скришно и заткулисно како што порано се правело, туку девет месеци беше отворена дебатата.
– Ајде сите да се фокусираме и да му дадеме шанса на ова наше мултиетничко општество каде што сите граѓани ќе бидат еднакви согласно Уставот и ќе ги користат своите права. Со овој закон дадено е едно ускратено прво на граѓаните од помалкубројните заедници, кажа премиерот.
Ново на Сител
-

MЗ: Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
