Заев: Од сите привилегии што ми следуваат, ќе користам само обезбедување, а ќе се откажам од апанажа, службеното возило и возач
Од сите привилегии што законски ми следуваат како поранешен премиер, јас ќе го искористам само обезбедувањето, а ќе се откажам од апанажата, од службеното возило и од возачот, изјави поранешиот премиер Зоран Заев за порталот „А1Он“, откривајќи дека планот му е да се вработи во една од семејните фирми и да користи возила што се во сопственост на фирмата, а не на државата.
Според Законот за Влада, тој има право да користи привилегии вкупно четири и пол години, односно толку време колку што ја извршуваше премиерската функција.
Што се однесува до обезбедувањето, Заев вели дека ваквата привилегија ќе ја користи делумно, иако законот предвидува да му бидат доделени шестмина бодигарди од Министерството за внатрешни работи (МВР), кои самиот ќе си ги одбере и кои ќе го чуваат 24 часа.
– Апанажа нема да користам. Ќе се вработам во некоја од нашите семејни фирми, па возило ќе добијам од семејната фирма. Обезбедувањето ќе го користам делумно, како што предвидува законот – изјави Заев.
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел