Заев од Халкидики на греана ракија во Гевгелија, струмичани сами во тотален хаос се борат против снегот
Струмичкиот градоначалник Зоран Заев директно од Халкидики допатува најпрво да се слика по теркот на неговиот колега Андреј Жерновски, и да прикаже на Фејсбук како работи, за веднаш отпатува во Гевгелија на греана ракија и жива музика.
Топлата чашка ракија за Заев, а за струмичани жив студ и маки. Од фотографиите може да се забележи дека главниот булевар на градот личи на тесно непроодно сокаче по кој едвај може да се движи возило. Огромен дел од градот е непрооден, а има и отсечени делови на градот.
-Најтешко им е на болните и децата. Ние колку можеме ете се снаоѓаме, вели 50 годишен струмичанец, кој го чистеше снегот од пред својот двор.
Повици стигаат до итната помош, која во рамките на своите капацитети помага. Но, најтешко е на периферните делови, турското мало со неколку илјади жители е целосно отсечено, а има и проблем со доводот на струја.
-Ниту Заев дошол, ниту некој од општината сме виделе. Овде ќе почнеме да се движиме со санки, кога центарот на градот е непрооден мозете да замислите каква е ситуацијата со другите делови на струмица, изјави за струмичката А1 ТВ граѓанин на Струмица.
Додека струмичкиот прв човек се весели на гевгелискиот коледарски оган, струмичани мака мачат со справувањето на една од најладните и снежни ноќи во градот Струмица, оставени без помошта на општината.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп