Заев: Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 часот
Премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница соопшти дека Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.
-Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 и ќе трае до 5:00 часот наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај и вечерта меѓу 13 и 14 мај.
Угостителските објекти ќе можат да работат само во отворените делови (тераси) до 20:30 часот. Компаниите регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено (на терасите), а останува забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, пишува премиерот.
Се додава и дека продолжува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.
Заев го споделува и линкот на Владата каде во целост може да се прочита донесената одлука: https://vlada.mk/node/25027?fbclid=IwAR2h3ylE4vw9JGHMsXGRQhfLIuVXcs0YPKCn7HyPyl4I8fs5btweaZszmLg
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација