-->
-->
Заев: Очекувам брзо решение за проблемот со името
-->
Премиерот Зоран Заев денеска во Дојран, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун, изјави оти очекува дека набрзо ќе има решение за проблемот со името.- Штом двете страни стигнаа до оваа фаза покажуваат сериозност кон проблемот и очекувам дека ќе има брзо решение. Доста граѓаните веќе не критикуваат време е да не пофалат, рече Заев во Дојран каде присуствува во акција на чистење во пресрет на туристичката сезона
Шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас вчера во Солун разгледуваа можни комбинации за потешките прашања во преговорите за спорот со името, а за разгледуваните комбинаторики најавија дека ќе ги информираат премиерите на двете земји. Министрите следната недела, на 12 мај, во Атина ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц.
Димитров нагласи дека главните разлики остануваат во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба, додека Коѕијас рече оти смета дека има извесен напредок во преговорите
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
-

Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга
-

Николоски: Сите треба да учествуваат во проектот „Безбеден град“, се надевам да се изгласаат законите
-

Дарко Митровиќ го фати светиот крст во осветените води на реката Вардар во Скопје
