Заев очекува неделава да се затвори прашањето за законот за јазиците
Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за законот за употреба на јазиците. На заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, Заев рече дека дебатата за ова прашање е отворена веќе девет месеци и треба што побрзо да биде затворена.
- Сите кажаа се што имаа, а беше оставено и доволно време за дијалог. Законот конечно треба да се донесе согласно Уставот и законите. Со тоа ќе биде затворен последниот легалистички аспект од Рамковниот договор. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација и ќе видиме дека не е нешто што е болно, тешко или трагично, туку е нешто што ќе овозможи полесно да се разбираме едни меѓу други, рече Заев.
За пораката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија ќе даде поддршка за реформските планови на СДСМ ако законот за јазици биде повлечен од собраниска процедура, Заев оцени дека станува збор за „копи пејст“ од изјавите на поранешниот партиски лидер Никола Груевски.
- Апсолутно, тоа го зборуваше Никола Груевски, нека биде Заев против нешто и веројатно тие ќе ја крепеле потребата од мнозинство во парламентот. Не, Владата е стабилна, како и мнозинството во Парламентот, изјави премиерот Зоран Заев
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
