Заев очекува на 20 или 21 ноември да се одржи првата средба на Нимиц со преговарачите
Македонскиот премиер Зоран Заев очекува на 20 или 21 ноември да се одржи првата средба меѓу преговарачите од Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации во решавањето на спорот со името, Метју Нимиц. Ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со словенечкиот премиер Миро Церар.
Заев зборуваше за натамошниот тек на европските и евроатлантските интеграции на Македонија, при што напомена дека во таа насока пред се фокус се става во решавањето на спорот со Грција.
- Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори да се направи нов обид за решавање на овој суштествен или чувствителен проблем, кој што го има Република Грција со нашето уставно име, а кој истовремено е пречка за нашите интегративни процеси. Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември очекуваме да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц, рече Заев.
Истакна и дека овој месец се очекува интензивирање на преговорите.
- Ние, во Македонија, се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување, нагласи македонскиот премиер.
Тој посочи дека Македонија гради пријателски односи со Грција и изрази уверување дека во таква пријателска атмосфера може да се најде решение и на ова, како што истакна, горливо прашање.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска