Заев: Новата влада ќе се формира врз темелите на Европската конвенција за човекови права

Лидерот на опозицијата предводена од СДСМ Зоран Заев за време на денешниот престој во Битола истакна дека новата македонска влада ќе се формира врз темелите на Европската Конвенција за човекови права.
Заев апелираше институциите да работат слободно, а граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани бидејќи, како што рече, Македонија веќе влегува во мирни води.
- Европската Конвенција за човекови права овозможува да ја користат и уживаат сите граѓани на Европа и тоа е иднината на Република Македонија. Оваа Европска Конвенција за човекови права ќе биде основата на идното дејствување на новата Влада на Република Македонија. Европската Конвенција за човекови права ќе биде платформата врз основа на која ќе се создаде новото парламентарно мнозинство и основата на дејствување на идната Влада на Република Македонија. Граѓаните треба да знаат дека оваа европска конвенција ќе биде водилка за современата македонска држава, ќе се водиме од овие права што ги почитува цел демократски свет. Апелирам за спокој, единство и сплотеност. Државните институции имаат обврска да донесат транспарентна одлука. Не ни требаат делби ни поделби, тоа време заврши, изјави Заев од Битола.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
