Македонија
26. October 2019 - 13:00

Заев: Немаме друга алтернатива освен ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и оти се надева дека до Самитот во Загреб во мај европските лидери ќе ја корегираат големата неправда и историската грешка за одложување на одлуката за почеток на пристапните преговри.

Прашан за пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и од амбасадорот во земјава Кристијан Тимоние околу главната причина зошто не добивме датум, Заев кажа дека ги сфаќа пријателски сите пораки како мотив за натамошна работа, и упати на заклучоците од Советот на ЕУ и извештајот на ЕК во кои се вели дека двете земји се подготвени за пристапни преговори.

– Заклучоците се јасни – Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите кои беа зададени за да добијат одлука за почеток на преговрите. Низ поглавјата што треба да се отвораат ќе се прават натамошните подобрувања и евроеизација на институциите. Не треба да има дилеми дека сме подготвени, тоа го кажаа сите лидери на ЕУ, сите претседатели и премиери, а тоа пред Европскиот совет го соопшти и Макрон кога рече дека двете држави исполнија се, но сега ним, на Франција и на ЕУ, им  треба доплнително време. Тоа е заклучокот, и за да нема дилеми, и да остане мотивацијата кај нашиот народ да продожи да се европеизира и да работиме, изјави Заев по меѓународната конференција „Другиот во балканската култура“ во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

На новинарско прашање дали француското вето е поради барањето за реформи во ЕУ или затоа што немало реформи кај нас, Заев рече дека одложувањето за Самитот во Загреб дојде на барање од Франција која кажа дека таа не е подготвена, а со тоа и Европскиот осовет на може да донесе одлука за преговори.

– Низ дисусијата која треаше до рано наутро на 19-ти беше потврден успешниот процес на реформи и придобивките што ги имаме направено, договорите со Грција и Бугарија како трајни европски придобивки и очекуваме на следниот Европски совет да биде донесена позитивна одлука, кажа премиерот.

За тоа што бара Франција во контекст на реформите на процесот на проширување и за се погласните идеи наместо евроингеграција на земјите кандидадти да им се понуди стратешко партнерство, Заев рече дека тоа се уште не е формализирано. Се надева дека за новата методологија ќе се разговара преку институциите на ЕУ, да се дадат видувања како процесот на проширување да биде унапреден, доволно мотивирачки и конфирмативен за сите што ќе успеваат трајно да ги тарнсформираат своите оштетсва кон европските вредноси, а секако и уназадување за оние кои ќе ги нарушат вредностите како што се владеење на правото, слобода на медиуми…

– Останува ние да работиме, а кога е Европската унија ќе одлучи нека ни го каже тоа. Ние немаме друга алтернатива освен ЕУ, истакна Заев.